Вести
ВМРО ДПМНЕ реагира на отпуштања на просветен кадар во училиштата во Гостивар
![](https://gostivarpress.mk/wp-content/uploads/2018/09/loran.jpg)
Претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ во Гостивар, Лоран Страшевски денес на прес конференција обвини дека во гостиварските училишта на почетокот на новата учебна година имало отпуштања од работа на наставен кадар, на чие место, како што рече се вработувале несоодветни кадри по партиска линија.
„ Пратиските послушници спроведуваат безмилосно отпуштање од работа на просветни работници низ училиштата во Гостивар, а на нивно место вработуваат членови на СДС и нивниот коалиционен партнер. Кадрите кои ги отпуштаат се со неколкугодишно работно искуство, со соодветно образование и положени педагошки испити, а и со висок рејтинг меѓу учениците. За разлика од нив, новите сдсмовски кадри се без искуство, често несоодветни на работните позиции, а некои се штотуку излезени од факултетските клупи.“, рече Страшевски.
Според него, станува збор за дваесетина просветни работници речиси во сите училишта во Гостивар, ангажирани со договори кои не им биле продолжени по истекувањето, иако, како што тврди ги исполнувале сите услови. „Ова ли е животот што го најавувавте, господине Премиер? Ова ли е општеството што ќе го градевте, а ќе биде еднакво за сите? Или кога ветувавте, мислевте само на Вашите послушници и истомисленици. Ова ли се најавуваните реформи во образованието? И наместо да се позанимавате со реконструкција на училишните објекти и со подобрување на условите за учење на нашите деца, Вие и вашите локални претставници, се занимавате со дневна политика.“, нагласи Страшевски и побара со овие прашања да се занимава и Државниот просветен инспекторат.
-
Гостиварпред 19 часа
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград