Поврзи се со нас

Гостивар

Внимателно со грејните тела за да нема пожари, апелира СВР Тетово

Објавено

на

    Последните неколку дена, особено во утринските и доцните вечерни часови, во тетовско-гостиварскиот регион има релативно ниски температури, кои ја интензивираа грејната сезона, не само во домовите, туку и во стопанските, јавните и други објекти. Поради ова, значително се зголемува можноста за пожари, пред се како резултат на човечко невнимание, застарени и дотраени електрични инсталации во зградите, неисправни печки и навреме неисчистени оџаци во куќите или станбените згради.

    Секторот з внатрешни работи-Тетово повторно апелира до граѓаните на максимална внимателност, поточно да не ги оставаат вклучени грејните тела кога подолго време не се дома или во работните простории, а особено не греалки, клима уреди или печки на дрва. „Потребна само мала искра за да се запали голем пожар со сериозни материјални и други последици. Ова особено се однесува на станбените згради, каде локализирањето на пожарите е многу потешко, поради недостиг на потребна опрема во многу од нив и отежнатиот пристап до зградите, главно поради градежни или други причини.“, нагласува полицијата.

    На сопствениците и станарите во зградите им се препорачува да ги проверуваат и чистат оџаците најмалку двапати годишно, но и да не ги преоптоваруваат инсталациите со вклучување на неколку електрични апарати одеднаш.
    Според член 288 од Кривичниот законик, предизвикување јавна опасност е кривично дело за кое е предвидена казна затвор од шест месеци до пет години, а ако е сторено од небрежност, казната е до три години.
    СВР упатува апел до граѓаните да ги почитуваат правилата и упатствата, да спречат евентуални пожари и да спречат посериозни последици по нивниот живот и имот.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена