Македонија
Внимателно со храната, алкохолот и во сообраќајот за време на празниците

Препораки за исхраната, учеството во сообраќајот, како и за опасностите од користење пиротехнички материјали упатија надлежните институции во пресрет на празниците.
Службата за Итна медицинска помош препорачува редовно земање терапија кај хроничните болни, да се внимава со внес на храна кај оние лица кои се придржувале на Божиќниот пост, умерено користење на алкохолни пијалаци како би се избегнале несаканите последици-алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди. Посебно се апелира до младата и малолетна популација за некористење на алкохолни пијалаци заради нискиот праг на толеранција кон алкохолот. Се апелира и на воздржаност од користење разни пиротехнички средства и огнострелно оружје заради избегнување несакани повреди, изгореници и други потешки последици.
Препораки упати и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) со оглед на поголемата раздвиженост на луѓето и почестите патувања, односно поголемиот број возила во сообраќајот на патиштата, но и пониските температури и лизгавите коловози.
За избегнување несакани ситуации во сообраќајот РСБСП на возачите им препорачува да ги почитуваат правилата и прописите во сообраќајот, да не конзумираат алкохол кога управуваат со моторно возило, да не користат автомобил доколку немаат потреба за тоа, да ја почитуваат пропишаната брзина, да внимаваат на зимските услови за возење, да управуваат технички исправно возило, да не користат мобилен телефон додека возат, да користат сигурносен појас, да одржуваат растојание помеѓу возилата и слично
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 месеци
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Занимливостипред 1 месец
Неколку непознати факти за гладијаторите
-
Занимливостипред 2 месеци
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 1 месец
Распоред на дежурни свештеници за Задушница во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава