Вести
Внимателно возење на автопатот и на магистралата Гостивар-Кичево
Автомото сојузот на Македонија во утринското соопштение за состојбата на патиштата препорачува внимателно возење и почитување на сообраќајната сигнализација. Од таму информираат дека на дел од делницата Тетово – Скопје, клучка Сарај и клучка Брвеница. се изведуваат градежни активности и електромонтажни работи во период од седум часот наутро до 17 часот попладне. Поради тоа потребна е зголемена внимателност и придржување кон упатствата од новопоставената сообраќајна сигнализација.
Градежни работи се изведуваат и на магистралниот пат Гостивар-Кичево по раскрсницата Маврово на патот кон Кичево, каде сообраќајот ќе се одвива по една сообраќајна лента, согласно одобрениот проект за времен режим на сообраќај.
АМСМ ги известува сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација за времен режим и да се придржуваат кон условите на патот.
-
Гостиварпред 2 часа
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград