Поврзи се со нас

Македонија

Внимателност заради силното невреме и можни опасни порои викендов, апел од ЦУК

Објавено

на

По најавата на Управата за хидрометеоролошки работи за нестабилно време денеска, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, Центарот за управување со кризи (ЦУК) ги повика граѓаните во земјава на внимателност од силно локално невреме и можни опасни порои од обилен дожд викендов.

-Согласно информацијата од УХМР,  ЦУК превентивно апелира и препорачува граѓаните во земјава од попладнево викендов да избегнуваат локално движење во и покрај суводолици и други стари корита – водотеци, како и во долови по коишто се слевале порано порои од обилни дождови. Конкретно, концентарацијата на врнежи на одреден простор е со голема веројатност можна во делови на земјава, проследено со силно локално невреме. Постои голема можност да биде голема и опасна поројната вода по околината таму каде што ќе зафати поројониот дожд што се предвидува да падне во делови од земјава, наведува ЦУК во апелот.
УХМР соопшти дека под влијание на циклонска активност од југозапад денеска и утре времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

-Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време со поголеми количества воден талог), електрични празнења, силен ветер од над 70 километри на час и појава на град. Утре преку денот температура ќе биде пониска за 3 до 5 степени, најави денеска Управата.Од понеделник нестабилноста ќе се намали  и повторно ќе преовладува потопло време. 

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена