Вести Гостивар
Внимавајте! Пензионер наседнал на финта на измамници во Гостивар и им дал над 500 евра

Во Гостивар е регистриран случај на измама, во кој старец од Вруток останал без повеќе од 500 евра.
Вчера (20 август) околу 10 часот и 30 минути, во Полициската станица Гостивар, 86 годишниот вруточанец Ш.А. , пријавил дека во близина на гостиварската болница бил измамен од две лица. Според пријавеното, двете лица му се доближиле и едното од нив му се претставило дека е од Канада и му побарало пари, наводно, за да плати одредени услуги за сопругата во болницата.
Наивниот старец му дал 450 евра и 4500 денари, а како гаранција дека брзо ќе му ги врати парите, лицето му оставило лажен златен часовник, кој претходно, наводно, му го продавало на другото непознато лице. Откако ги зел парите, измамникот заминал и не се вратил назад.
Полицијата соопшти дека работи на расчистување на случајот.
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 2 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја