Гостивар
Внимавајте! Полицијата засилено ги контролира пешаците во Гостивар
Од петокот (6 декември) започнаа засилени полициски контролни активности насочени кон пешаците и нивното однесување во сообраќајот на гостиварското и на тетовското подрачје. Како што информира МВР, Притоа, досега биле откриени вкупно 34 прекршоци, од кои 25 во Тетово и 9 во Гостивар. Пешаците коишто не ги почитувале правилата и прописите биле соодветно санкционирани.
Најголемиот дел од прекршоците се однесувале на преминување на улиците надвор од пешачки премин, а имало непочитување на светлосните сообраќајни знаци или знаците што ги дава полициски службеник.
Искуствата и анализите покажуваат дека кај пешаците, недостасува чувство за нивното активно учество во сообраќајот и недостасува одговорност дека и за нив важат сообраќајните правила и прописи, како и за сите други учесници во сообраќајот.
Во пресрет на доаѓањето на печалбарите во родниот крај и зголемување на сообраќајната динамика, полицијата апелира на поголема внимателност на возачите и пешаците, со цел да се избегнат несреќи. На возачите им се советува да ја намалат брзината пред пешачките премини, особено на пофреквентните улици, а до пешаците, пак, се упатува апел прописно да се движат и да не ги преминуваат улиците каде што ќе стигнат, туку само на обележани премини и целосно да ги почитуваат сообраќајните знаци и светлосна сигнализација.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди