Поврзи се со нас

Гостивар

Во 5 градови, меѓу кои и Гостивар ќе се одржат инфо сесии за „Креативна Европа“

Објавено

на

Со настан во НУ „Музеј на македонската борба“ – Скопје, утре (24 јануари), започнува серијата информативни сесии посветени на тековните повици на програмата „Креативна Европа“ – потпрограма Култура: Проекти за соработка“ и „Циркулација на европски книжевни дела“ за 2023 година, соопшти Министерството за култура.

На настанот во Скопје ќе бидат презентирани: Повикот за  категоријата „Проекти за соработка“ на програмата Креативна Европа (Култура) и Повикот за категоријата „Циркулација на европски книжевни дела“, додека пак Здружението за мултиетничко музичко образование „Рома Рок Скул“ – Скопје ќе го претстави проектот: „Музиката поврзува: Рок музиката поттикнува инклузија низ Европа“.  Исто така, своите проекти ќе ги претстават и двата културни оператори: „Бата пресс милениум“ Д.О.О. и Друштвото за издавачка дејност „Сказнувалка“.

Серијата информативни сесии продолжува уште во четири градови и тоа: на 25 јануари во Велес, на 26 јануари во Tетово и Гостивар (Центар за култура, почеток 13 часот), а на 27 јануари ќе биде организиран информативен настан во Штип.

Организатори на информативните сесии се Министерството за култура (Одделение за Креативна Европа на ЕУ-потпрограма Култура) во соработка со Музејот  на македонската борба, Театарот „Јордан Х.К.Џинот“-Велес, Центарот за култура „Иљо Антески – Смок“-Тетово, Центарот за култура „АСНОМ“-Гостивар и Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип, како и корисниците на програмата „Креативна Европа – потпрограма Култура“: Здружението за мултиетничко музичко образование „Рома Рок Скул“, „Бата прес милениум” Д.О.О. и Друштвото за издавачка дејност „Сказнувалка” од Скопје.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена