Поврзи се со нас

Македонија

Во акција “Мрежа” уапсени дилери, едниот од нив од Врапчиште

Објавено

на

Вчера (17.02.), во рамки на ОА “Мрежа“ која се спроведува за сузбивање на уличното дилерство на дрога, Одделот за Сузбивање на Организиран и Сериозен Криминал при МВР реализираше случај при што откриена е криминална група составена од пет лица и тоа  С.Р. (51), З.М.(29), М.Д. (26), М.М.(36) и З.С. (34). Имено, по претходно добиени оперативни сознанија дека организираната криминалната група набавувала и продавала наркотична дрога на нарко зависници од подрачјето на Град Скопје но и во други градови од државава беше спроведено криминалистичко истражување, а во кординација со ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција.

Според документираните сознанија во текот на минатата и оваа година криминалната група организирана од С.Р. која делувала на подрачјето на Град Скопје како и надвор од градот, продавала наркотична дрога кокаин за цена од 3000 до 4500 денари за една паковка. Кокаинот бил набавуван од непознато лице од Р Србија во помали количина, со цел полесен и побезбеден транспорт на наркотичната дрога. Во рамките на меѓународната полициска соработка ќе се превземат дополнителни активности за идентификување на српскиот државјанин. Од страна на С.Р како организатор на групата, биле ангажирани МД. и М.З. кои го продавале кокаинот на нарко зависници, а по продажбата редовно го известувале С.Р. за паричните сретства кои биле добиени. Исто така утврдено било дека лицето М.М. исто така посредувал во вршењето на продажбата на наркотична дрога кокаин, така што кога имало потреба за продажба на дрога, го известувал С.Р. и ја вршел продажбата, а дел од парите ги задржувал за себе.

По претходно издадени наредби за претрес на дом и други простории од страна на Судија на претходна постапка извршени се претреси на пет локации .

При преземените мерки и активности во однос на извршените претреси, пронајдени и со потврда одземени се следните предмети: во домот на С.Р. одземени се една полиетиленска паковка со бела прашкаста материја, 50 куршуми  9мм, едно ПМВ Голф 5 и три мобилни телефони; во домот на З.М. одземени се четири полиетиленски паковки со непозната бела прашкаста материја; во домот на М.Д. одземени се 22 куршуми 5,56мм, реденик со 12 патрони со различен калибар,43 патрони со калибар 16мм,  куршум 7,65мм, најлон кеса со непозната растителна материја , чинија со бела прашкаста материја и мобилен телефон; во домот на М.М. одземени се седум банкноти од по 1000 денари, две банкноти од по 500 денари и  еден мобилен телефон.

Во текот на денов (18.02.) од слобода беше лишено и лицето З.С. од с. Врапчиште-гостиварско и  обезбедено од страна на полициски службеници од СВР Тетово.. Исто така во текот на криминалистичкото истражување ова лице е претходно документирано за  кривично правен настан со недозволена трговија со дрога и беше одземена првата количина кокаин од 9,77 грама.

Во текот на денот од страна на ОКТИВ ќе биде извршено вештачење на предметите пронајдени при претресите, а до надлежното ЈО ќе биде поднесена кривична пријава против лицата за сторени кривични дела„неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,психотропни супстанции и прекурсори“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“  и истите ќе бидат спроведени пред Судија за претходна постапка.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 3 часа

Ниска сообраќајна култура-Се вози брзо, под дејство на алкохол, се прскаат пешаци…

Македонијапред 4 часа

Нови 46 случаи на голема кашлица во земјава од 12 до 18 април

Македонијапред 5 часа

СОНК бара да се повлече одлуката за одработување на 24 април и 8 мај

Гостиварпред 6 часа

Метео аларм за утре (недела): Пороен дожд, грмежи и ветер

Здравје и убавинапред 7 часа

Овошјa кои треба да се јадат за здраво и нормално варење на храната

Деца Родителипред 20 часа

Разновидна исхрана за правилен развој на детскиот мозок

ИЗБОРИ 2024пред 1 ден

Претседателски избори: Утре први гласаат членовите на ИО во дијаспората

Дафина Стојаноска
ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 1 ден

Стојаноска: Кај граѓаните има расположение за промени, го користиме секој момент да ги сослушаме

Гостиварпред 1 ден

Матен случај за имот во Маврово кој гостиварка си го нашла заклучен

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена