Вести
Во Англија пробни масовни настани без маски и дистанца

Во пресрет на летото, Англија започна проект преку кој се тестираат мерки за заштита од ковид. Земјата креира план за укинување на поголемиот дел од рестрикциите, а пробните масовни настани кои се организираа изминатите денови треба да покажат колку новиот систем на справување со вирусот ќе биде безбеден.
Изминатиот викенд во Ливерпул се одржа дводневен музички фестивал, со околу 5.000 луѓе во публика кои немаа обврска да носат маски и да држат дистанца. Сепак, задолжително за влез беше негативен ПЦР тест, направен во последните 24 часа. На сите присутни им биле земени податоци, за да се следи дали некој од нив ќе се зарази со коронавирус во наредните две недели.
Неколку дена претходно, исто така во Ливерпул се одржа бизнис конференција по ист принцип. Учесниците беа без маски, не држеа растојание и сите на влез приложувале негативен ПЦР.
-
Гостиварпред 4 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Рецептипред 3 месеци
Крем супа од тиква и морков – топло, вкусно и хранливо