Поврзи се со нас

Гостивар

Во Апелациониот суд во Гостивар дуплиран бројот на предмети со дрога

Објавено

на

Гостиварска Апелација, во текот на минатата 2019-та година бележи значителен намален прилив на вкупниот број на предмети, но зголемување на предметите врзани со трговија со дрога и наркотици. Според податоците кои ги добивме од претседателот на судот, Шефајет Хајдари во 2018-та година такви предмети по жалба дошле 32, додека минатата година 67.

„Повеќето предмети беа против сторители за помали количества и најчесто за марихуана, но на пример имаше и предмет со трговија на околу 29 килограми на марихуана. Да, бележиме зголемување на овој вид на предмети, што би значело пораст  на тој вид на криминал, но мене ме радува фактот што имаме судски постапки, што значи дека државата покажува интерес да се бори со трговијата со дрога и веќе е успешна во тој дел. Се ангажира и тоа дава резултати, што го докажува и самата бројка на предмети.“, оцени Хајдари.

Од 67-те предмети со дрога лани, 59 биле решени, односно имаат правосилна одлука.

Минатата година, Апелациониот суд во Гостивар имал вкупно 3.967 предмети, од кои 514 биле префрлени од 2018-та. „Одлуки биле донесени за 3.629, а од нерешените 338, само пет се стари, коишто го поминале рокот за Апелација, предвиден во законот. Тоа значи дека приливот на предмети е совдалан и е намален бројот на заостанати. За предметите што го поминале рокот (30 дена за работните и прекршочните спорови и шест месеци за останатите) утврдивме дека не е по вина на судиите, туку предметите се вратени административно до првостепените судови за да се дополнат и комплетираат.“, рече првиот човек на Апелација.

Во 2019-та година значително бил намален бројот на прекршочни предмети и тоа за над 330 и работни спорови кои ги имало околу 400 помалку.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ИЗБОРИ 2024пред 3 минути

Скратени часови на 23 април и 7 мај во училиштата во кои ќе се гласа на изборите

Гостиварпред 1 час

Какво културно наследство „крие“ Гостивар – Изложба на фотографии и разгледување на Саат Кулата

Гостиварпред 3 часа

Изгубена или украдена? Со картичка на гостиварец некој си пазарувал во маркет во Тетово

ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Денес почнува кампањата за Парламентарните избори

Здравје и убавинапред 6 часа

Сремуш – одлично средство за чистење на организмот после зимските месеци

Македонијапред 7 часа

Прилагодена брзина и внимателно возење по влажните коловози

Македонијапред 18 часа

Вечерва значително посвежо време, инфо за измерени температури и прогноза за утре

Здравје и убавинапред 19 часа

Дали замрзнатото овошје и зеленчук е исто толку добро како и свежото?

Македонијапред 21 час

Втор повик за грантови за модернизација во земјоделие

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена