Поврзи се со нас

Вести

Во април, просечно секој ден по една сообраќајка во Гостивар

Објавено

на

 

Статистичките податоци на полицијата покажуваат дека изминатиот месец на гостиварското подрачје се случиле триесетина сообраќајни несреќи. Загрижувачки е фактот што бројката е за десет повеќе, во споредба со истиот период лани.

Една од несреќите беше со трагични последици, односно со загинато лице. Во однос на повредите, имало две потешко и тринаесет полесно повредени лица. Осумнаесет од сообраќајките завршиле само со материјална штета, која се проценува на близу три милиони денари.

„Најмногу од несреќите, повторно се регистрирани на гостиварските улици, околните регионални патишта и магистралата Гостивар-Кичево, на кои впрочем е и најголема сообраќајната динамика, односно фрекфенција“, се вели во полицискиот извештај.

Најчести причини остануваат: пребрзо возење, па потоа неправилно вршење дејствие, недржење растојание, непочитување првенство и непропуштање пешак.                                 Карактеристично и за април е, исто така, што се уште на ова подрачје се  движеле значителен број нерегистрирани, технички неисправни и возила кои ги управувале лица без положен возачки испит.  Во  текот на минатиот месец биле исклучени од сообраќај 136 возачи и 90 возила. На 133 им се регистрирани негативни бодови, на 613 изготвени им се покани за наплата на парична глоба и друго.

 

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена