Гостивар
Во автобуси на патот Гостивар-Кичево не се почитувале антикорона мерки, ќе има казни

Вчера (28 мај) полициски службеници од ОВР Гостивар, извршиле контрола и проверка во јавниот превоз во врска со почитување на мерките при превоз на патници за време на епидемија.
МВР соопшти дека притоа на магистралниот пат Гостивар-Кичево била извршена контрола во три автобуси на гостиварска туристичка агенција, при што било констатирано дека не се придржувале кон мерките за заштита на населението од заразни болести односно имало поголем број на патници од дозволеното.
По целосно документирање на случајот против правното и одговорното лице ќе биде поднесен соодветен поднесок по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград