Гостивар
Во болницата во Гостивар 90-тина интервенции на дојка годинава, лекарите со апел за редовни контроли

Редовните самопрегледи и лекарските контроли се клучни за навремено откривање и успешен третман на карцином на дојката, нагласуваат медицинарите во месецот на борба против оваа болест, Октомври. Ракот на дојка е еден од најчестите малигни тумори кои се јавуваат кај жените, но не е неизлечив, а раното дијагностицирање има клучна улога во тоа.
Во таа насока, д-р Бесник Мустафаи, специјалист по торакална хирургија во општата болница во Гостивар советува:
„Секоја жена над 20 години еднаш месечно треба да си направи самопреглед, понатаму потребно е ехо преглед еднаш годишно, а над 40 години препорачливо е да се прави и мамографија. Со која динамика определува лекарот зависно пациентката, тоа може да биде еднаш годишно или еднаш на две години. Нашето искуство кажува дека во лекувањето, навистина најголем проблем е што пациентките касно доаѓаат на лекар. Инаку, оваа година во нашата болница до сега се извршени 87 интервенции на дојка, од кои 19 случаи беа со карцином на дојка, каде беа извршени мастектомија и лимфадеректомија.“
Ракот на дојка може да се појави на било која возраст, а статистиката покажува дека преваленцата е 1 од 8 жени. Во земјава се дијагностицираат над 700 нови случаи на годишно ниво.
Октомври е прогласен за месец на борба против карциномот на дојка на светско ниво, а целта е да се подигне свеста за важноста од редовни прегледи и контроли, навремено барање лекарска помош, да се едуцираат жените за превенцијата и лекувањето, како и да се даде поддршка на оние кои живеат со болеста.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 недели
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 3 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 1 месец
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 1 недела
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава