Гостивар
Во болницата во Гостивар реновиран стариот дел од интерно и новоопремена хируршка сала

Во општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар денес беше пуштено во употреба реновираниот дел од интерното одделение и се промовираше новата опремена хируршка сала.
По тој повод во посета на болницата беше министерот за здравство Арбен Таравари.
„Условите за пациентите сега се достоинствени. Општата болница во Гостивар останува лидер во инвестирањето во јавното здравство. Ова е трета или четврта инвестиција што ја промовираме, вака и ќе продолжиме. Целта секогаш ни била граѓаните, пациентите да добиваат што подобри здравствени услуги и да има што подостоинствени услови“, изјави министерот.
Стариот дел од интерното одделение, во кој како што рече директорот на болницата, Бесник Зеќири, не било инвестирано 50 години, сега има комплетно нов лик.
„Делот беше руиниран, стар и имаше потреба да се интервенира, затоа што интерното е едно од најфреквентните одделенија со пациенти. Имаме и новоопремена хируршка сала, со што сега располагаме со вкупно три операциони сали. Инаку во изминатите три месеци ние направивме и други реновирања. Во Ургентниот центар сите врати се заменети со нови, целиот Ургентен со Амбулантите се бојадисани, главниот влез на болницата е реновиран, имаме нова поширока врата од каде што може да влегуваат пациенти, а сменети се влезните врати и на неколку одделенија како офталмологија, гинекологија.“, кажа Зеќири.
Вупната сума што била издвоена за овие инфраструктурни зафати опфаќа околу 12 милиони денари.
Според најавите во следниот период ќе се работи во делот на очното одделение, каде акцент ќе биде ставен на уредување на лекарските соби, како и во акушерското одделение.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 1 недела
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог