Поврзи се со нас

Гостивар

Во Чегране одземени предмети врзани со меѓународни измами од 30 МИЛИОНИ ЕВРА

Објавено

на

Во рамки на меѓународна истрага за криминални активности во повеќе држави во Европа за онлајн измами во вкупна вредност од 30 милиони евра, во гостиварско Чегране биле одземени предмети поврзани со случајот.

МВР соопшти дека во координација со Основно Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика – Одделение за истраги за компјутерски криминал, како дел од меѓународната координирана активност на 11 мај во 6 часот бил извршен претрес, по добиена судска наредба, во дом и деловни простории на 34 годишен жител на Чегране, при што биле одземени предмети кои се поврзани со вршењето на криминалните активности, а лицето е обезбедено.

Исто така, од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика – Одделение за истраги за компјутерски криминал, со судски наредби, извршени биле претреси на деловни простории на правни лица во Скопје, при што било констатирано дека адресите кои се пријавени во Централен регистар се лажни и не постојат.

Криминалните активности се вршеле во повеќе држави во Европа, а се повразни со измами во вкупна вредност од 30 милиони евра со злоупотреба на онлајн-трејдинг платформи, криптовалути и перење пари, привлекувајќи ги жртвите преку реклами на социјалните медиуми. Групата оперирала преку неколку интернет страници за трговија кои биле изработени професионално, со софтвер за манипулација, кол-повици и алатки за интернет маркетинг. На потенцијалните жртви им се претставувале како искусни брокери, а ги контактирале преку кол-центри во Бугарија и нашата земја.

„Шемата за измама, била организирана главно од израелски државјани, вклучувала центри за повици од Бугарија и Република Северна Македонија, а осомничените ги переле нелегалните профити преку банкарски сметки контролирани од компании со седиште во различни земји на ЕУ.“, извести МВР.

Во рамки на истрагата лишени од слобода биле 11 лица (пет во Бугарија и едно во Израел на денот на акцијата и шест лица претходно во Шпанија), извршени биле претреси во Бугарија, Израел, Полска, Северна Македонија и Шведска и запленети бројни електронски уреди и возила, а банкарските сметки се замрзнати.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Здравје и убавинапред 11 часа

Мозочната магла и анксиозноста – зошто се случува и како да се справиме со неа?

Гостиварпред 13 часа

Гостивар во спомен на 16-те загинати во несреќата од 13 февруари 2019

Гостиварпред 13 часа

Гостиварец лишен од слобода заради малтретирање и запуштање на своите малолетни деца

Гостиварпред 15 часа

Семејствата на жртвите во несреќата кај Ласкарци огорчени: Правдата не е задоволена, системот потфрли!

Спортпред 15 часа

Кошаркарите на Гостивар први полуфиналисти на Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“

Гостиварпред 16 часа

Жена касната од куче скитник во Гостивар

Спортпред 19 часа

Во Гевгелија започнува кошаркарскиот Куп „Благоја Георгиевски – Буштур“

Светпред 20 часа

Кремљ потврди: Путин и Трамп разговараа, американскиот претседател поканет во Москва

Гостиварпред 21 час

Шест години од автобуската несреќа кај Ласкарци-Непребол за 16 изгубени човечки животи

Гостиварпред 4 недели

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Гостиварпред 4 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 3 недели

Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди

Гостиварпред 3 недели

Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека

Гостиварпред 2 недели

Калта и загадувањето во Гостивар од изградбата на Коридорот 8, тема во Локалниот совет за превенција

Гостиварпред 3 недели

Девојки од Непал вработени во локал во Маврово се оддалечиле од објектот

Видео емисиипред 3 недели

ВИДЕО | Вековна традиција во Вруток – Магнет за посетители

Гостиварпред 2 недели

Од маркет во Гостивар украдени пари и цигари, едно лице лишено од слобода

Македонијапред 4 недели

Даночно намалување кај данокот на личен доход и данокот на добивка

Гостиварпред 4 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 4 недели

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 1 месец

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 3 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 5 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 11 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 11 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- Хидротермика системи ДООЕЛ Гостивар
- Хидротермика системи ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена