Гостивар
Во чест на д-р Трајче Нешковски втор Меморијален турнир во мал фудбал во недела

Во спортската сала на гимназијата во Гостивар во недела (16 октомври) ќе се одржи вториот Меморијален турнир во мал фудбал, во чест на прерано починатиот доктор Трајче Нешковски. Гостивар на овој начин ја продолжува традицијата на оддавање почит на младиот сограѓанин, познат како голем пријател, хуман човек и посветен медицинар.
„Чест ни e да ве поканиме на овој настан, бидејќи големо е делото на нашиот доктор, пријател и сограѓанин, но уште поголема е обврската достоинствено да го зачуваме од заборав неговиот лик и дело.“, велат организаторите на турнирот.
На турнирот ќе учествуваат 12 екипи: ЛК СДММ Гостивар, УМС Гостивар, Малеарди, Другарите на Трајче, Охрид, Куманово, Исток, Клиника за пулмологија, СДММ Централа, Централа 2, Школски другари на Трајче, Питарница и Апаш маало. Пријавените екипи се составени од пријатели, колеги, познаници на Нешковски. Ќе се игра по систем на елиминација.
Пред почетокот на натпреварите ќе се поделат плакети на оние кои беа нераскинлив дел од животот на Трајче и благодарници за поддржувачите на Меморијалниот турнир. Gostivarpress.mk е медиумски покровител на настанот.
Турнирот почнува во 11 часот.
Триесет и две годишниот Нешковски трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа на 14 октомври 2020 година. Беше специјалист на Клиниката за пулмоалергологија. Ја водеше ковид-единицата во детската болница Козле во Скопје. Минатата година постхумно го доби највисокото признание Плакета „Свети Наум Охридски“, што го доделува Лекарската комора за посебен придонес и посветеност во медицината.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 5 дена
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 2 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 3 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 1 недела
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 6 часа
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава