Вести Гостивар
Во четврток во Гостивар манифестација по повод Илинден

Големиот празник Илинден, во Гостивар ќе биде прославен со свечена манифестација под мотото „Наша Македонија“. Настанот ќе се одржи во четврток (1 август), во Летниот амфитеатар на Кејот на Вардар, со почеток во 19 часот.
Деведесетминутната програма опфаќа настап на гостиварското градско аматерско културно-уметничко друштво „Браќа Ѓиноски“ и КУД „7-ми Септември“ од Македонски Брод. Празничната атмосфера ќе ја надополни младата гостиварка Кристина Јовановска, којашто ќе се претстави со неколку музички изведби.
Од организацискиот одбор на манифестацијата упатуваат покана до граѓаните да дојдат и да го проследат настанот, со што ќе придонесат за достоинствено чествување на државниот празник Денот на Републиката – 2 Август.
-
Македонијапред 3 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Бизниспред 20 часа
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 3 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 3 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер