Гостивар
Во центарот на Гостивар цвеќе и едноминутно молчење за жртвите во пожарот во Кочани

Гостиварци ги споделија тагата и болката што цела Македонија и регионот ги чувствува поради загубените млади човечки животи во пожарот што се случи во дискотека во Кочани.
Собирот кој се одржа на градскиот плоштад попладнево го организираше Општина Гостивар, а присуствуваа градоначалникот Ваљбон Лимани, општинската администрација, советниците, професори и ученици од гостиварските училишта и други граѓани.
„Се собравме заедно сите гостиварчани, јас со советниците и сите други граѓани да оддадеме пред сѐ почит, но во исто време да се солидаризираме со семејства кои ги изгубија своите најблиски во овој трагичен настан. Во исто време да испратиме пораки до сите кои беа засегнати и се моментално на лекување во болниците што побрзо да закрепнат и да се надеваме да нема да има други жртви од овој немил настан. Во иднина да се собираме сите вака заедно сплотени само за убави пригоди.“, изјави Лимани.
Присутните положија цвеќиња и со едноминутно молчење оддадоа почит кон жртвите.
На градскиот плоштад во Гостивар собир се одржа и околу пладне, а го организираа млади преку социјалните мрежи.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?