Вести
Во црквите и џамиите утре молтива за мир во Украина

Здружението на Украинци во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“ соопшти дека утре во верските објекти во земјава ќе се одржат молитви за мир во Украина и во целиот свет.
„Во војната во Украина веќе загинале илјадници луѓе од различна националност и верска припадност, крвопролевањето секоја минута продолжува. Поради тоа Здружението на Украинци во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“, со дозвола на верските заедници во земјата, ги повикува верниците од различна вероисповед на 1 мај 2022 година (недела) на целата територија на Република Северна Македонија во верските објекти според својата вероисповед и своето место на живеење да се придружат кон организираните религиски обреди со молитви за мир во Украина и во целиот свет. Сите сме различни, но мирот ни е потребен на сите! Да се помолиме за прекин на војната, на бесмислено и немилосрдно убивање! “, се вели во соопштението.
Како што е наведно Македонската Православна Црква ќе служи Молебен за мир, веднаш по светата Литургија, која почнува во 8 часот, Исламската Верска заедница една од петте молитви ќе ја посвети за мир во Украина, а во Македонската Католичка црква почетокот на мисата за мир во Украина е во 10.30 часот.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар