Поврзи се со нас

Деца Родители

Во девет во кревет – за здрави и среќни деца

Објавено

на

Во денешно време не е чудно доколку малите деца се сеуште будни непосредно пред полноќ. Всушност, тоа е навистина честа појава.

 Сепак, колку и да звучи лесно, воведувањето на правилен и постојан ред за спиење на децата, сепак не е едноставна задача. За детскиот сон да биде квалитетен, потребно е да спијат во текот на целата ноќ, а според експертите идеално време за заспивање на детето е околу 20 или 21 часот.

Денес, децата не спијат доволно и квалитетно. Колку покасно легнат да спијат, ќе им биде потребно повеќе време да заспијат. Неретко, истите тие деца често се будат во текот на ноќта.

Сонот влијае и врз однесувањето на детето во текот на денот. Децата кои спијат во правилен временски период, се сметаат за посмирени и пријатни за разлика од оние кои заспиваат покасно или се будат во текот на ноќта.

 Според едно истражување, ако децата секојдневно заспиваат во исто време, не пред 22 часот, нивната меморија се подобрува, како и нивната способност за задржување на вниманието, а агресивноста се сведува на минимум.

Друго истражување покажало дека доколку оваа навика се створи во раните години, ќе се намали опасноста од депресија во периодот на адолесценција.

Како да се одреди совршеното време за детето да заспие?
Најдобар начин е внимателно да се анализира однесувањето на детето во периодот помеѓу 16 и 18 часот кад децата во предшколска возраст, или 17 и 19 часот кај децата во основно училиште. Доколку се забележат и минимални знаци на умор, тогаш детето не би требало да остане будно повеќе од час и пол.
Совет: Однесете го детето на спиење 20 минути порано, неколку дена по ред и не му дозволувајте да биде во контакт со телевизија или телефони непосредно пред заспивањето, бидејќи тоа може да го наруши квалитетот на сонот.

Што ако детето се буди премногу рано?
Ако се соочите со ваква ситуација, немојте да го поместувате времето за спиење покасно. Тоа не е знак дека детето заспало премногу рано, туку веројатно премногу касно. Кога се децата уморни, телото им лачи хормони како кортизол, адреналин и норадреналин и тоа им дава дополнителна енергија и можат да издржат без сон, но ги спречува да се наспијат доволно долго наутро.

Во девет во кревет – Лесно е да се каже, но како да се направи?
Навистина, мајките најдобро знаат дека ова е речиси невозможна мисија покрај сите домашни обврски. Сепак, не е невозможно. Промената не мора да се направи наеднаш, всушност подобро е да се започне со 15-20 минути порано легнување и постепено да се зголемува тој временски период.

Затоа, мајки не се откажувајте. Домашните обврски можат да почекаат, а вашето дете ќе ви биде благодарно.

 

Во соработка со Е наука

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена