Деца Родители
Во дисфункционално семејство децата се жртви
Дисфункционалност во семејството е предизвикано од стресовите кој што може да бидат предизвикани од: опкружувањето, развоен стрес низ животните циклуси и трансгенерациски стрес. Било кој од овие стресови во семејството доведува до застој или ситуационо пореметување. Дисфункционалноста во бракот може да биде изразена на ниво на поврзаноста на партнерите каде што афективно мртвите бракови се дисфункционални на ниво на емотивните процеси, во флексибилноста на партнерите во решавањето на конфликтот при што отсуството на флексибилност доведува до хронична појава на конфликтот и во однос на позицијата во бракот едниот партнер функционира активно, а другиот партнер адаптивно. Дисфункционалноста во семејството може да се изрази во вид на ригидни или дифузни внатрешни или надворешни граници. Дисфункционалноста помеѓу партнерите доведува до недостиг на родителска емпатија која се изразува во дефицит во способноста на родителот да ги согледа потребите на детето.
Еден од најсложените брачни дисфункции е разводот на бракот, кој со себе води одредени последици не само на брачните партнери туку и на децата. Овој вид на дисфункција на семејството остава траги врз емоционалниот, социјалниот и психолошкиот развој на детето. Децата многу ретко ги разбираат причините поради што се случува сето тоа во нивното семејство. Родителите најчесто се премногу окупирани со своите проблеми така да не можат да забележат како се чувствуваат нивните деца и забораваат да разговараат со нив и да им дадат едно објаснување за целокупната реорганизација на нивниот живот. Поради тоа оваа група на деца ги потиснува болните чувства и пројавува одредени физички и бихејвиорални симптоми карактеристични за деца кој го проживуваат разводот и разделбата на родителите. Децата кога ќе ја изгубат структурата која ги држи усидрени во нивниот свет, пројавуваат одредени промени во своето однесување, кога ќе се помести нивниот авторитет, нивното срце е исполнето со многу непријатни емоции, децата реагираат со неконтролирано однесување, повлекување во себе, ригидно однесување па дури и пад на концентрацијата и намалување на школскиот успех.
Овие деца се адаптираат во семејството, нивното однесување најчесто е насочено кон задоволување на родителите, повеќе се окупирани со емоциите на родителите одошто со своите емоции, најчесто се повлекуваат во себе и се чувствуваат неспособни да излезат на крај со надворешниот свет. За да се заштитат од конфликтот во семејството може да се насочат во креирање на свој свет на фантазии користејќи механизми на одбрана, деца од некомплетни семејства (деца на разведени родители)во своето однесување користи механизми на одбрана како што се регресија, негација, реакција формација. Во социјалниот свет децата од дисфункционалните семејства најчесто се чувствуваат срамежливо и неприфатено, во друштвото не партиципираат со ентузијазам, сето тоа се случува бидејќи овие деца се чувствуваат поразлични од останатите. Во однос на емоциите оваа група на деца имаат застој во емотивниот развој во смисла дека не примаат доволно љубов и топлина од своите родители, емотивно се неразвиени, своите емоции ги потиснуваат. За да се развие емотивно детето би требало да има модел од кого ќе научи да ги изразува своите како позитивни така и негативни емоции. Доколку не му биде покажано на детето како се изразува љубов, нема да знае ниту да прими , ниту да пружи љубов. Дисфункционалност на семејството со сите свои негативни особини доведува до застој во развојот на личноста на детето во однос на психолошкиот развој, емоционалниот развој и социјалниот развој .
Во таа смисла податоците добиени од анализата на детските цртежи кај децата од некомплетни семејства не водат во таа насока дека овие деца имаат негативна слика за себе, себе се доживуваат помалу вредни, потенцијалот кој што го носат во себе им останува неискористен, своите способности ги потиснуваат, а како резултат на тоа имаат голена доза на несигурност во себе и ниска самодоверба .
Со истражувањето кое го има направено Кубурич дошла до заклучок дека децата од лоша семејна атмосфера дека имаат проблеми во формирањето на емотивната, социјалната и психолошката слика за себе. Што е уште еден показател дека семејната атмосфера има големо влијание врз развојот на сликата за себе. Кога родителот ги трга настрана чувствата и потребите на детето, го попречува неговиот здрав развој, со тоа детето добива порака дека не е добро, детето тоа го доживува многу болно што може да доведе до патологија во личноста на детето.
пишува: м-р Слаѓана Ангелкоска, психолог
Советувалиште за брак и семејство,
Центар за социјална работа – Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија