Македонија
Во дискотеката во Кочани незаконски се користела пиротехника, немало доволно ПП апарати

Јавното обвинителство ќе бара краткотраен притвор за десет лица, за кои во текот на денешниот ден се обезбедени докази за евентуална одговорност за синоќешниот пожар во ноќниот клуб во Кочани, информираше вечерва jавниот обвинител на РСМ Љупчо Коцевски и обвинителите од тимот што постапуваат на случајот.
Од денешниот увид на лице место, според Коцевски, јавни обвинители утврдиле дека објектот немал хидрантска мрежа, ималo само два ПП апарати, вратата на заедниот дел била затворена и без квака од внатрешната страна, а објектот бил непрописно обложен со материјали за звучна изолација и за визуелни ефекти со лесно согорливи материјали. Во објектот противзаконски биле користени пиротехнички материјали на висина од три метри без соодветна дозвола и без друштво со овластување за палење на пиротехничките материјали. Бил регистриран како деловен објект за лесна индустрија и не е извршена пренамена во угостителски објект.
Сослушан е еден од организаторите на настанот и немало писмен договор меѓу организаторот и групата за организирање на концертот.
Над 20 лица, посочи Коцевски, се сослушани во текот на денешниот ден за случајот, а потврди дека на информативен разговор во Скопје е повикан и поранешниот министер за економија Крешник Бектеши.
Коцевски, информираше дека за случајот е формиран обвинителски тим од двајца јавни обвинители од ОЈО Скопје, двајца од ОЈО Кочани и двајца од ОЈО Штип, кои извршиле увид на лице место, кој се уште не е завршен и ќе продолжи во текот на утрешниот ден, а најави дека за утре ќе бидат ангажирани и три до пет јавни обвинители од Скопје.
Според Коцевски, се работи за навистина сложен предмет и има многу работи што треба да се испитуваат, посочувајќи дека досега се преземени низа активности – наредби за обдукција на жртвите, наредби за преземање мерки до МВР и БЈБ за апсење на секое лице кое со своето постапување или не постапување придонело за настанот и да се испита неговата улога, наредба за анализа на одземени предмети, предлог за издавање наредба за одземање видео снимки од безбедносни камери, предлог за издавање наредба за привремено одземање документација на правниот субјект, барање за претрес во дом и други простори и барање за меѓу институционална соработка до ОЈО ГОКК.
Од увидот на лице место денеска, Коцевски информира дека биле констатирани низа состојби и тоа:
– Објектот немал хидрантска мрежа, ниту хидрант. Немало доволен број на ПП апарати, односно имал само два. Немал две излезни врати, туку само една единечна импровизирана метална врата на задниот дел од објектот, која била заклучена и без квака од внатрешната страна и обложена со гипс картон и звучна изолација. Немало пристап од две страни за ПП возила, согласно правилник за пожари, внатрешноста на објектот бил обложен со гипс картон, но не бил со огноотпорни својства, немало спуштен таван со огноотпорни својства, немало врати со противпожарна отпорност, ниту пак систем за кочење на вратите и известување на присутните за пожар. Истата била и непрописно обложена со материјали за звучна изолација и за визуелни ефекти со лесно согорливи материјали. Во објектот противзаконски биле користени пиротехнички материјали на висина од три метри без соодветна дозвола и без друштво со овластување за палење на пиротехничките материјали, изјави Коцевски.
Од увидот на лице место на Државен инспекторат за градежништво и урбанизам констатирано е дека објектот во кој се случила несреќата е регистриран како деловен објект за лесна индустрија со површина од 419 метри квадратни, и не е извршена пренамена на објектот од лесна индустрија во угостителски објект.
– И покрај тоа што за објектот нема пренамена за работа како угостителски објект, истиот има дозвола за работа од Министерството за економија како за угостителски објект издадена уште пред 15 години, информираше Коцевски.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести