Поврзи се со нас

Спорт

Во “Дизниленд” во Орландо се врати и НБА лигата

Објавено

на

Со натпреварите помеѓу Њу Орлеанс Пеликанс – Јута Џез и Лос Анџелес Лејкерс – Лос Анџелес Клиперс, по неколку месеци пауза, поради Ковид – 19 пандемијата, доцна синоќа, се врати и НБА лигата. Продолжението доби “зелено светло“ откако сите кошаркари од сите тимови добија негативни резултати на последните тестирања.

По долго размислување се пронајде начин да се доигра тековната сезона. Сите натпревари ќе се играат во Орландо во комплексот Дизниленд каде ќе го дознаеме и новиот шампион некаде во Октомври.

22 екипи ќе го доиграат регуларниот дел од сезоната, без екипите кои ги изгубиле сите шанси за плеј – оф, а најдобрите од нив ќе го играат плеј – офот. Играчите се сместени во 3 хотели во таканаречениот “балон“ од кој без посебна дозвола нема да можат да излегуваат, каде нема да има навивачи ниту членови на семејствата на играчите.

Доколку се појави позитивен случај на Ковид – 19, веднаш ќе се реагира со сместување во специјално изградената болница во комплексот, а по два последователни негативни тестови играчот ќе може да се врати во неговата екипа.

“За да го подобриме искуството на гледање на натпреварите, воведовме неколку нови елементи кои подразбираат повеќекратни, нови агли на камерите, појак звук на играчите и тренерите, виртуелни реакции на навивачите и видео табла која го опкружува теренот со слики од стотина фанови кои го следат натпреварот онлајн.“ – вели комесарот на НБА лигата Адам Силвер и додава: “Овој момент е повеќе од кошарка. Ова е шанса играчите и тимовите да продолжат со традицијата да се занимаваат со важните прашања за социјална правда.“

Инаку, синоќа со спектакуларни видео и звучни ефекти се одиграа два натпревари, каде акцентот беше ставен на борбата пртив расната дискриминација во САД. Играчите дадоа голема поддршка клечејќи на една нога пред натпреварот, а на дресовите наместо имињата на кошаркарите беа испишани различни пароли и пораки.

“Се чувствував како де е “вистински“ натпревар во прашање. Два тима жестоко се бореа за победа. Организаторите вложиле голем напор да ни биде што по удобно на паркетот, имаше доста звучни ефекти, симулација на поблика. Мислам дека беше сосема добро.“ – прокоментира Ентони Дејвис, најефикасниот кај својот тим со 34 поени.

Во првиот натпревар Њу Орлеанс загубија од Јута Џез со 104:106, додека во дербито, во неизвесна завршница Лејкерси беа подобри од Клиперси со 103:101. Денес и ноќва на програмата се уште 6 натпревари.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена