Вести
Во драматичен финиш КК Гостивар го совлада Кожув во Гевгелија 73-78

Кошаркарите на КК Гостивар забележаа многу важна победа на вчерашното гостување против Кожув во Гевгелија со резултат 73:78, по четвртини (18:19, 12:26, 25:16, 18:17).
Во крајно драматичен и тежок натпревар со многу резултатски пресврти во последните 5 минуту, бодовите заминаа за Гостивар. Првата четвртина беше скоро изедначена (18:19), во вториот период „бело-сините“ ги покажаа сите свои квалитети во одбраната и ефикасноста во нападот ја добија четвртината со +14 поени разлика, на полувреме се замин со резултат 30:45.
Во вториот дел Кожув заигра порешително, предноста која еден момент беше +17 почна да се топи, падна на + 6, неколкуте судиски одлуки донеса вистинска драма во последната четвртина. Разликата се стопи, на 5 минути пред крајот Кожув поведе со 67:66. Водството се менуваше се до последните 50 секунди, Димчевски погоди за 73:74, Костоски беше прецизен од линијата за слободни фрлања со што ја запечати победата на Гостивар.
Александар Костоски беше најрасположен кај гостите постина 23 поени и 6 асистенции, Фурстингер запиша 21 поен со 8 скока, Димчевски 14, Сегариќ 12, Димче Тасоски запиша 4 поени и исто толку блокади какви гледачите во Гевгелија ретко имаат можност да видат.
Кај домаќините најрасположени беа американецот Вилијамс 20 и Караколев со 17 поени.
Со оваа победа КК Гостивар има 18 бодови, ја задржа 4-тата позиција со бод помалку од водечките Блокотехна, Работнички и МЗТ кои имаат и натпревар помалку.
Во следното коло КК Гостивар во спортската сала Младост ја пречекува екипата на Куманово.
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 4 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вековна традиција во Вруток – Магнет за посетители
-
Македонијапред 3 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден