Македонија
Во државава има 183 амбулантни возила – Гостивар располага со пет, Маврово и Ростуше со три

Центарот за граѓански комуникации ја објави базата на податоци на сите амбулантни и санитетски возила која е изработена врз основа на податоци обезбедени од здравствените институции во земјава.
Во земјава има вкупно 183 амбулантни возила, кои им се ставени на располагање на 47 здравствени институции.
Просечната старост на амбулантните возила е 11 години, односно тие се просечно произведени во 2008 година. 13% од возилата се произведени во минатиот век, односно пред 2000 година.
Општина Гостивар, односно ЈЗУ Општа болница „Д-р Ферид Мурад“ Гостивар и ЈЗУ Здравствен дом Гостивар на располагање имаат 5 вакви возила.
ЈЗУ Општа болница „Д-р Ферид Мурад“ Гостивар располага со три амбулантни возила, Фолксваген 2500, кое е старо 25 години и две понови Мерцедес 316.
Фолксваген 2500 | / | 1994 | / | Донирано од Словенска амбасада |
Мерцедес 316 ЦДИ | / | 2017 | 2.855.100,00 | Донација од Тика, Турција |
Мерцедес 316 ЦДИ | / | 2017 | 2.855.100,00 | Донација од Тика, Турција |
ЈЗУ Здравствен дом Гостивар, има две возила за Итна помош, Рено трафик произведени 2012 година.
Рено Трафик | 2012 | 2013 | / | Добиено од Министерство за здравство |
Рено Трафик | 2012 | 2013 | / | Добиено од Министерство за здравство |
ЈЗУ Здравствен дом Русе Бошковски Ростуше, за потребите на жителите во Општина Маврово и Ростуше располага со три возила. Фиат дукато, произведено 2006 година, Тојота ЛВБ, произведено 2007 година и Рено трафик, 2012 година.
Фиат Дукато | 2006 | 2007 | / | Донација, нема податок од кого е донирано |
Тојота ЛВБ | 2007 | 2008 | / | Донација, нема податок од кого е донирано |
Рено Трафик | 2012 | 2012 | / | Добиено од Министерство за здравство |
За споредба со амбулантните возила, министерствата и општините (според базата на податоци што Центарот за граѓански комуникации ја објави во октомври 2018 година) имаат на располагање 2.645 патнички возила, што значи дека на секое 15-то патничко возило доаѓа по едно амбулантно возило.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Светпред 3 месеци
Масовен пад на криптовалутите