Вести
Во еден ден казнети триесет возачи во Гостивар
Бројот на најразлични сообраќајни прекршоци, кои секојдневно се откриваат на поширокото полошко подрачје, продолжува да се зголемува, оценуваат од Секторот за внатрешни работи.
Во текот на вчерашниот ден, низ улиците и патиштата во гостиварско, сообраќајците констатирале триесетина прекршоци. Најчесто станува збор за пребрзо возење, непрописно паркирање, возачи-почетници и друго. Дваесет и четири возачи кои ги прекршиле законските правила и прописи добиле казна на самото место, а за четворица изготвени се платни налози.
Ниту возачите во соседниот град Тетово не се дисциплинирани. Таму вчера биле откриени и подигнати 13 непрописно паркирани возила, како и четори нерегистрирани автомобили. Прекршоците биле санкционирани со седумнаесет прекршочни и тринаесет мандатни платни налози.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар