Гостивар
Во еден ден потврдени 23 новозаразени со корона во Гостивар
Во гостиварскиот регион на црвено е алармот за ширење на коронавирусот. Од почетокот на месецов Гостивар, често е меѓу првите во Македонија по дневната бројка на новозаразени. Причината за тоа надлежните ја лоцираа во непочитувањето на мерките и препораките за заштита. Според податоците од Институтот за јавно здравје, минатонеделниот биланс за подрачјето е заокружен со 86 нови случаи.
Денес, Министерството за здравство потврди рекордни 23 новозаразени. Најголемиот дел од активно болните, чија бројка надмина 240 се од подрачјето на Општина Гостивар.
Во продолжение днешениот извештај на МЗ:
Во последните 24 часа се направени 1971 тестирања, а регистрирани се 188 нови случаи на ковид-19 во:
-Скопје 44
-Куманово 21
-Дебар 1
-Штип 18
-Тетово 24
-Струга 21
-Велес 1
-Битола 5
-Охрид 6
-Кавадарци 3
-Гостивар 23
-Крива Паланка 1
-Кочани 1
-Пробиштип 2
-Демир Хисар 1
-Македонски Брод 3
-Кичево 10
-Ресен 1
-Неготино 2
Починати се 5 лица, пациентка од Скопје, пациент од Битола, пациентка од Куманово, двајца пациенти од Тетово.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 268 оздравени пациенти од:
-Скопје 105
-Куманово 23
-Дебар 2
-Штип 1
-Прилеп 1
-Тетово 41
-Струга 22
-Велес 5
-Битола 3
-Охрид 19
-Гостивар 12
-Радовиш 1
-Пробиштип 3
-Демир Хисар 1
-Св.Николе 12
-Кичево 13
-Ресен 4
Досега во земјата се направени вкупно 99615 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10503, бројката на оздравени пациенти е 5931, на починати е 476, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4096.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди