Спорт
Во евролигашки термин КК Гостивар денес ќе го пречека шампионот МЗТ Скопје

Во рамките на новото 17. коло од домашното кошаркарско првенство, Гостивар денес (петок) ќе биде домаќин на актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром. Натпреварот ќе се одигра во спортската сала „Младост“ со почеток од 17:00 часот.
МЗТ Скопје Аеродром, моментално е најдобро пласиран тим на табелата со 13 победи и само три порази. Сепак, македонскиот шампион кој доминира годиниве наназад во домашната лига доживеа разочарување на регионалната сцена, откако заедно со Работнички и Пелистер експресно го заврши својот настап во второто по квалитет натпреварување во регионот АБА2 лигата уште во групната фаза. Сега, „металците“ се фокусираат целосно на домашниот шампионат и влегуваат во овој натпревар како големи фаворити.
На другата страна, гостиварци се наоѓаат во исклучително тешка ситуација. Со само пет победи од 16 одиграни натпревари, тимот е блиску до самото дно на табелата и очајно му е потребен позитивен резултат. До крајот на регуларниот дел остануваат уште шест натпревари, а КК Гостивар заостанува две победи зад тимовите што се над зоната на испаѓање. Победа денес би можела да биде голем чекор кон опстанок.
На љубителите на кошарката во Гостивар веќе не им преостанува ништо освен добро да се облечат и да очекуваат борбена игра и победа во „Младост“, но јасно е дека тимот ќе има тежок предизвик. Поддршката од домашната публика на денешниот натпревар може да биде и клучна, но дали тоа ќе биде доволно за да се избегне нов пораз, останува да се види.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар