Култура
Во Галичник утре започнува традиционалната ликовна колонија
Галичник ќе биде домаќин на уметници од странски земји и од Македонија во рамки на традиционалната ликовна колонија, која годинава се одржува по 28-ми пат.
Во неповторливата природа на галичкиот крај една недела ќе творат: Светлана Волиќ од Србија, Симон Далеманс од Белгија, Фидан Бејтулаху од Косово, Јулиа Хопкинс од Велика Британија, Рената Папишта од Босна и Херцеговина, Рок Богатај од Словенија и Ана Ивановска и Ангел Миов од Македонија. Учесниците ќе имаат можност и да прошетаат низ живописните предели на Галичник и околината и да посетат локалитети и објекти препознатливи за регионот.
Галичката ликовна колонија е дел од Галичко културно лето, манифестација со долга традиција и богата програма. Освен ликовната, во рамки на културното лето секоја година се одржува и книжевна колонија, единствена од ваков вид на Балканот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград