Поврзи се со нас

Гостивар

Во гимназијата во Гостивар изложба посветена на Ана Франк: Поттик за мир и подобрување на општеството

Објавено

на

    Четириесетина изложбени панели со детали од животот на малата Ана Франк и нејзиното семејство од Втората светска војна, се поставени во холот на средното општинско училиште-гимназија Гостивар.Изложбата која беше отворена денес, носи наслов „Ана Франк – Историја за денес“, а целта е младите да се запознаат со животниот пат на Ана, да црпат инспирација од непоколебливиот и нескршлив дух на девојчето, како и да се поттикне дискусија за настаните од блиското минато на Западен Балкан кои се причина за поделби и конфликти.

    Организатори на изложбата се Младински образовен форум и Куќата на Ана Франк од Амстердам, а во Гостивар локален партнер е Центарот за млади и заедницата (YCC).

    „Ова е одлична прилика за сите средношколци од различни средини да се соберат и да научат нешто повеќе за блиското минато, пред сѐ да се поврзат со приказната за Ана Франк и каков импакт има таа денес врз општеството. Животот и делото на Ана Франк може да ги поврземе со денешната историја, да заклучиме дека историјата се повторува, сите тие грозоморни работи кои се случиле во Втората светска војна, можеме да видиме дека и денес се манифестираат. Оваа изложба е токму поттик за подобрување и мир во општеството“, изјави Панде Ефтимов од Младински образовен форум.

    Интересно е што изложбата содржи и панели кои се креирани посебно за македонскиот контекст во периодот по Втората светска војна до денес. Водичи за посетителите се млади волонтери, кои претходно поминале обука за да ја раскажат приказната на Ана Франк. Изложбата останува отворена во холот на гимназијата и во текот на следните денови.

    „Чест ни е што како гимназија Гостивар сме домаќини на оваа изложба, која е актуелна и денес преку надминување на стереотипи и предрасуди. Ние како училиште ги негуваме настаните поврзани со иницијативи на младата популација, младите генерации. Наша желба е она што се случувало со малата Ана Франк и терорите во Втората светска војна никогаш да не се повторат“, истакна на отворањето заменик директорката на гимназијата, Светлана Јовановска.

    Изложбата во Македонија се реализира во рамки на проектот „Хисторија, Историја, Повјест – Лекции за сегашноста“ и до сега била поставена во 34 општини.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 56 минути

    Се паркира кој каде стигне-Неделава во Гостивар 58 казнети, 39 возила подигнати со пајак

    Македонијапред 3 часа

    На државна матура најмногу пријавени за полагање англиски јазик

    Здравје и убавинапред 4 часа

    Рецепт за домашен сок од глуварче

    Деца Родителипред 18 часа

    Кога промените во однесување зборуваат гласно – детски повици за помош

    Македонијапред 19 часа

    Нов историски ден за Северна Македонија, оцени Мицкоски

    Македонијапред 23 часа

    Менталните нарушувања почести, но посета на психолог и психијатар е сè уште табу тема

    Македонијапред 1 ден

    Затвор по 1,5 година за поранешните директори на Клиника во Тетово за пожарот во модуларната болница

    Македонијапред 1 ден

    Поскапува Еуросупер БС-98

    Писмапред 1 ден

    ПИСМА: Граѓани од Малеарди реагираат-„Се корнат здрави дрвја заради изградба на велосипедска патека“

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена