Гостивар
Во гимназијата во Гостивар почна втората фаза на замена на прозорците
Во гостиварската гимназија отпочнаа работите од втората фаза за замена на старите прозирци со нови, со што објектот ќе добие енергетска ефикасност. Првата фаза се реализираше во април со финансиска поддршка на УСАИД, додека тековната е инвестиција на Општина Гостивар.
Со замена на 90 прозорци во гостиварската гимназија, создаваме енергетска ефикасност, еколошка средина и поголема безбедност. Во СОУ „Гостивар“ започнаа работите од втората фаза од замената на прозорците со што ќе се заокружи целосната замена на старите со нови енергетско ефикасни прозорци. Потсетуваме дека првата фаза опфати делумна замена на прозорците благодарение на соработката со УСАИД во Проектот за меѓуетничка соработка на младите во училиштата, каде што Општина Гостивар доби грант.
Преку УСАИД за проектот беа издвоени милион и 700 илјади денари, додека општината влезе со финансии од околу 2 милиони денари.
Во гостиварската гимназија настава посетуваат околу 1.000 средношколци.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар