Гостивар
Во гимназијата во Ростуше само 12 матуранти, во Центар Жупа 18

Поради масовната миграција присутна во општините Маврово и Ростуше и во Центар Жупа, години на ред опаѓа бројот на ученици во основните, што условува се помал број на ученици и во средните училишта.
Потврда за тоа е и бројот на учениците кои во оваа учебна година го завршуваат образованието во гимназиите во двете општини.
„Во нашето училиште, каде наставата се изведува на македонски јазик, средното образование го завршуваат 12 ученици. Сите се пријавени за полагање државна матура“, изјави за МИА, Исмет Абдули, директор на гимназијата во Ростуше.
Тој исто така информираше дека според Конкурсот на МОН за упис во прва година за учебната 2023/2024 година квотата изнесува 68 ученици во две паралелки, што тешко се верува дека ќе биде пополнета.
Идентична квота за упис во прва година има и во гимназијата „АТА“ во Центар Жупа, каде се предвидени две паралелки од по 34 ученици, една со настава на македонски и една на турски наставен јазик.
„Што се однесува до учениците кои го завршуваат средното образование, нивниот број е 18, од нив еден ученик е од наставата на македонски и 17 на турски наставен јазик. Сите се пријавени за полагање државна матура“, рече за МИА, Мунир Бастри, реководител на секторот за образование во општината.
Доколку се направи споредба, бројот на матуранти во последните две години во Ростуше е помал за 18, додека во Центар Жупа за пет.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 3 дена
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Македонијапред 4 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Гостиварпред 3 месеци
Бесник Зеќири стапи на функцијата директор на болницата во Гостивар
-
Македонијапред 4 недели
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос