Вести
Во Гостивар 1.850 пациенти примаат инсулин – Светски ден на борба против дијабетот

Датумот 14-ти ноември секоја година се одбележува како Светски ден на борба против дијабетот. Меѓународната Федерација за дијабетес, алармира со податоци дека околу 8,8 % од возрасната популација има дијабет, од кои 95% се од тип 2. Бројот на лица со дијабетес расте од година во година и се проценува дека до 2.040 година бројот на заболени од ќе се зголеми за 200 милиони лица.
Во Македонија има околу 200.000 лица со дијабетес тип 1 и тип 2, од кои околу 43 000 лица примаат инсулинска терапија. На детската клиника годишно се регистрираат триесетина деца со дијабетес тип 1, инсулински зависни. Според податоците од Кабинетот за дијабет во гостиварската општа болница, бројот на пациенти кои примаат инсулин е 1.850. Од нив, дијабет тип 1 имаат 54. Лекарите проценуваат дека на гостиварското подрачје има околу 7.500 граѓани кои страдаат од шеќерна болест, а се лекуваат со таблети.
Превентивата и контролата на болеста се во насока на практикување на активен животен стил и исхрана богата со овошје, зеленчук, внесување протеини преку немлечни и млечни производи. Препораките вклучуваат и пешачење по најмалку половина час дневно, умерена физичка активност и одржување на телесната тежина.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!