Вести
Во Гостивар 170 повредени од паѓање на мраз и снег

Над сто и седумдесет граѓани месецов завршиле на Ургентното одделение во Гостивар, заради повреди предизвикани од пад на подмрзната површина и снег. Десетина од нив, чии скршеници биле посериозни, се препратени на клиниката за трауматологија во Скопје, а еден пациент, во специјалната болница за ортопедија во Охрид. Податоците од Ургентно покажуваат дека најголемиот број од повредените, односно стотина, поминале со полесни повреди како набиеници и шинување на зглобови.
Падот е поголем ризик за постарите и за лицата со хронични болести, потенцираат лекарите. Токму повозрасните ги имало во најголем број меѓу згрижените граѓани во гостиварската болница. Сериозноста на здравствената состојба зависи и од местото на кое е повреден пациентот. „Некои фрактури може да предизвикаат и неочекувани компликации. Посериозни последици може да се јават кај постарите лица при фрактура на колк, кај оние кои имаат срцеви проблеми или страдаат од дијабет, затоа што стресот при операција и анестезија кај оваа популација е голем“, вели д-р Аднад Џабири, раководител на Ургентното одделение во гостиварската болница.
Медицинските лица апелираат граѓаните да избегнуваат да излегуваат надвор, а доколку е неопходно, тогаш да бидат крајно внимателни додека се движат по подмрзнат терен.
Меѓу пациентите кои паднале и побарале лекарска помош во болницата во Гостивар имало и деца.
- Македонијапред 4 недели
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 4 недели
Се празнува Спасовден
- Македонијапред 3 месеци
Од полноќ ново поскапување на горивата
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 1 месец
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!