Гостивар
Во Гостивар 18 случаи на грип минатата недела, интересот за вакцина е голем
Во периодот од 15 до 21 ноември во земјава пријавени се 69 случаи на грип, информира Институтот за јавно здравје со напомена дека бројот на регистрирани е зголемен во споредба со минатата сезона.
Заболените се пријавени од шест ЦЈЗ/ПЕ, во Дебар – 30, во Гостивар – 18, во Охрид – 11, во Кавадарци – 8 и во Струмица и Тетово – по 1. Во однос на возраста, 38 лица се од возрасната група од 15-64 години, а највисока инциденца се регистрира кај најмладите, децата на возраст од 0-4 години.
Во сезоната 2021/2022 вкупниот број на заболени од грип изнесува 332 , што е 2,2 пати повеќе во споредба со истиот период минатата сезона (n=148) и 7% помалку во однос на типичната сезонска крива.
Во Центрите за јавно здравје се спроведува вакцинација против грип. Во Гостивар има голем интерес за бесплатната вакцинација, која е наменета за ризичните групи: хронично болни, граѓани над 65 – годишна возраст, бремени жени, деца до 5 години и здравствени работници. Вакцинирани се околу 1.200 лица. Се спроведува и комерцијална вакцинација останатите граѓани, а вакцината чини 800 денари.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград