fbpx
Поврзи се со нас

Вести Гостивар

Во Гостивар 2.200 болни од грип – училиштата ќе се дезинфицираат

Објавено

на

Грипот брзо и лесно се шири меѓу населението на подрачјето на Гостивар. Официјалната вкупна бројка на заболени од вирусот е 2.200 граѓани. Ако се земе во предвид дека има и такви кои не бараат медицинска помош и се лечат дома, бројката е далеку поголема.

Епидемиолошкото одделение во Гостивар регистрирало скоро 700 нови пациенти со грип за само една недела. За разлика од претходните години, кога компликациите од вирусот беа ретки, сезонава лекарите бележат повеќе случаи кај кои грипот предизвикал посериозни последици по здравјето. Инфективното одделение периодов е полно, а големи гужви има и низ амбулантите на матичните лекари.

Здравствените власти информираа дека грипот годинава бил фатален за четиригодишно дете од Гостивар. Детето било хоспитализирано на Клиниката за детски болести во Скопје, во тешка здравствена состојба. Вирусот кај него направил компликации и предизвикал воспаление на мозокот.

Грипот годинава го продолжи и зимскиот распуст. Во гостиварските основни и средни училишта, наредната недела ќе се врши вонредна дезинфекција на училниците и другите простории. Таква мерка веќе била преземена во градинките и во болничките одделенија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!