Гостивар
Во Гостивар 20 нови случаи на корона, од вкупно 87 потврдени во земјава денес
Гостивар како регион денес е на второ место по новозаразени со коронавирус во Македонија. Од вкупно потврдени 87 нови случаи, во Скопје се 34, по што следува Гостивар со 20, па Куманово со 13. Во продолжение дневниот извештај на МЗ за состојбата со коронавирусот.
Во последните 24 часа се направени 1.156 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи на ковид-19. По региони:
– Скопје 34
– Куманово 13
– Тетово 8
– Струга 1
– Битола 1
– Кавадарци 4
– Гостивар 20
– Струмица 2
– Берово 1
– Кичево 3
Починати се пет пациенти, три пациенти од Скопје (49 г., 74 г. и 72 г.), пациентка од Струга (53 г.), и пациентка од Берово (57 г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 51 оздравен пациент од:
– Скопје 35
– Куманово 1
– Штип 4
– Тетово 1
– Гостивар 1
– Пробиштип 2
– Кратово 1
– Свети Николе 6
Досега во земјата се направени вкупно 126284 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12739, бројката на оздравени пациенти е 9174, на починати е 544, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3021.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград