Гостивар
Во Гостивар 200 закажани термини на првиот ден од вакцинацијата против грип
Имунизацијата на населението против сезонски грип во Гостивар почна утрово. Вакцинацијата се спроведува во просториите на епидемиолошката служба на подрачната единица на Центарот за јавно здравје, од каде велат дека интересот е голем, а на дневно ниво закажани се по околу 200 термини. Бесплатни вакцини има за ризични категории граѓани, додека оние кои не спаѓаат во нив, може да се вакцинираат на сопствен трошок.
„Бесплатната вакцинација е наменета за неколку ризични групи и тоа хронично болни, лица над 65–годишна возраст, бремени жени, детска популација од 6 месеци до 6 години по здравствена индикација и здравствени работници. Закажувањето оди преку vakcinacija.mk. Секој пациент си закажува сам, по што добива СМС порака со ден и време, и доаѓа во определениот термин. За денес имаме закажано 200 лица. До 12 часот вакцинирани се 90-тина. Сето ова укажува дека интересот е навистина голем и свесноста за вакцината против грип расте на ова подрачје. За комерцијалните вакцини обично има интерес од помладата популација која сака да се заштити и е свесна за ризикот од можните компликации од грип.“, изјави д-р Благородна Мишковска Војновска, епидемиолог.
Вакцинирањето ќе трае додека не се потрошат вакцините. За пунктот во Гостивар оваа сезона доделени се 1.000 бесплатни дози.
Д-р Мишковска Војновска појаснува дека граѓаните кои ќе го испуштат закажаниот термин, може да дојдат на пунктот во следните 7 дена и да примат вакцина.
Годинава до сега на гостиварското подрачје нема регистрирано случаи на грип.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар