Поврзи се со нас

Гостивар

Во Гостивар 200 закажани термини на првиот ден од вакцинацијата против грип

Објавено

на

Имунизацијата на населението против сезонски грип во Гостивар почна утрово.  Вакцинацијата се спроведува во просториите на епидемиолошката служба на подрачната единица на Центарот за јавно здравје, од каде велат дека интересот е голем, а на дневно ниво закажани се по околу 200 термини. Бесплатни вакцини има за ризични категории граѓани, додека оние кои не спаѓаат во нив, може да се вакцинираат на сопствен трошок.

„Бесплатната вакцинација е наменета за неколку ризични групи и тоа хронично болни, лица над 65–годишна возраст, бремени жени, детска популација од 6 месеци до 6 години по здравствена индикација и здравствени работници. Закажувањето оди преку vakcinacija.mk. Секој пациент си закажува сам, по што добива СМС порака со ден и време,   и доаѓа во определениот термин. За денес имаме закажано 200 лица. До 12 часот вакцинирани се 90-тина. Сето ова укажува дека интересот е навистина голем и свесноста за вакцината против грип расте на ова подрачје. За комерцијалните вакцини обично има интерес од помладата популација која сака да се заштити и е свесна за ризикот од можните компликации од грип.“, изјави д-р Благородна Мишковска Војновска, епидемиолог.

Вакцинирањето ќе  трае додека не се потрошат вакцините. За пунктот во Гостивар оваа сезона доделени се 1.000 бесплатни дози.

Д-р Мишковска Војновска појаснува дека граѓаните кои ќе го испуштат закажаниот термин, може да дојдат на пунктот во следните 7 дена и да примат вакцина.

Годинава до сега на гостиварското подрачје нема регистрирано случаи на грип.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена