Гостивар
Во Гостивар 50-тина новозаразени со грип

Во текот на 13. недела од 2025 година – од 24 до 30 март, во државава се пријавени 511 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грипот. Тоа претставува за 39,1 отсто помалку во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела, споредено со 13. недела од минатата сезона е зголемен за 3,1 пати, а во споредба со бројот за 13. недела од типичната епидемиска крива, моделирана од последните 14 сезони, зголемен е за 53,6 проценти, информираат од Институтот за јавно здравје.
Новозаболените се пријавени од 20 ЦЈЗ/ПЕ, Скопје – 198, Тетово – 67, Гостивар – 51, а во останатите, бројот на заболени е помал или еднаков на педесет.
Во текот на оваа недела, во девет извештајни единици се регистрира многу ниска, во 10 – сезонска (меѓу кои и Гостивар), а во Македонски Брод – средна активност на вирусот на грип.
Во сезоната 2024/2025, вкупниот број на случаи на грип – заболувања слични на грипот изнесува 25.011, покажуваат податоците на Институтот.
Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 72,6 отсто, а во однос на моделот од последните 14 сезони, се регистрира зголемување од 22,7 проценти. Најголем број на заболени лица се регистрира на територијата на Скопје, додека највисока кумулативна инциденца е регистрирана на територијата на Дебар.
Заклучно со 13. недела, во државава вакцинирани се вкупно 72.294 лица со бесплатна или комерцијална вакцина против грип.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 1 недела
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог