Поврзи се со нас

Култура

Во Гостивар блеснаа поетските искри – Гран При за Димитар Арнаудов, најдобар странски автор Мањола Брахај

Објавено

на

Шестиот по ред Интернационален поетски фестивал „Литературни искри“ , кој денес се одржа во Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар донесе уживање за љубителите на поезијата и пишаниот збор. На манифестацијата со свои стихови се претставија поетите финалисти, а настанот беше заокружен со доделување на фестивалските награди.

Фестивалот започна со минута молчење во чест на настраданите патници, во автобуската несреќа кај Ласкрци која го погоди Гостивар.

Гран При годинава доби Димитар Арнаудов од Стојаково, Гевгелија. Првото место и припадна на Спасија Бежановска од Охрид, второто го освои Емељ Туна од Скопје, а беа доделени две трети места и тоа за Славица Гаџова Свидерска од Битола и Маја Нестороска од Радожда, Струга.

За најдобар странски автор на овогодинешниот фестивал беше прогласена поетесета Мањола Брахај од Косово. Словенецот Јернеј Кустерле пак, доби посебно признание за странски автор финалист. Наградата Најуспешна млада поетска искра, годинава ја понесе 17-годишната Емануела Ковачевска-Китановска од Скопје.

На наградените автори им беа доделени плакети и книги. Останатите поети кои влегоа во финалето, добија дипломи.

Пред присутните гости и публиката беше промовирана и заедничката збирка во која се застапени 46-тина поети, селектирани од жири комисијата.

„Со своето востановување Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ си постави благородна цел – да ги поттикне младите творци да излезат од сопствениот вдахновен свет и да ги споделат своите творби со луѓето. Зашто на сите на почетокот им треба мал поттик да се охрабрат да ги изнесат пред очите на јавноста своите мисли и чувства излеани на хартија. Тие се толку лични, толку интимни што не е секогаш лесно да се победи стравот од сопственото соголување пред другите. Во поезијата како во ниту еден друг жанр, творецот го изнесува на показ целото свое битие.“, истакна Виолета Танчева-Златева, претседател на жири комисијата.

Во музичкиот дел од програмата на манифестацијата настапија: Теодора Матеска заедно со Ристе Брчиоски и Гентијана Јашари.

Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ во Гостивар, го организира Здружението за култура Слово 21, во чест на Денот на сесловенските просветители, Св.Кирил и Методиј. За ликот и делото на просветителите, професорката по македонски јазик Габриела Петроска потсети преку пригоден реферат.

„Неизмерно е значењето на делото на светите браќа Кирил и Методиј, не само за македонскиот народ, туку за човековата историја воопшто. Ни оставија огромна придобивка, но и голема обврска да го следиме нивниот пат, да го сочуваме тоа што го имаме и да се стремиме и вложиме кон негово унапредување. Достојно да одговориме на предизвиците. Да останеме тоа што сме. Животниот пат на Светите браќа Кирил и Методиј и нивните искушенија, да бидат пример за денешните, но и за идните генерации, во насока на несебично залагање и посветеност за сеопшто добро.“, нагласи Петроска.

МПФ Литературни искри годинава се реализираше со поддршка од Министерството за култура, Општина Гостивар и спонзори.

Gostivarpress.mk е медиумски партнер на манифестацијата.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена