Поврзи се со нас

Вести

Во Гостивар девет лица го загубиле животот во несреќи при работа

Објавено

на

Зголемен е бројот на човечки жртви во несреќи при работа и други несреќни случаи на подрачјето на Гостивар. Минатата година била кобна за девет лица, кои животот го загубиле во немили настани од таков вид.

Според статистиката на СВР Тетово, во 2016 година во Гостивар и гостиварско регистрирани се 18 несреќни случаи и 19 несреќи при работа. Споредено со претходната година, тоа се вкупно 12 повеќе. Притоа девет од нив завршиле со смртни последици, а 15 лица се здобиле со тешки телесни повреди. Најголемиот број од повредените биле од машки пол на над 30 годишна возраст.

Анализите на полицијата покажуваат дека несреќите при работа најмногу се должат на човечко невнимание, некористење заштитна опрема и непридржување кон важечките критериуми и стандарди од оваа област. Најчесто се случуваат при извршување на градежни работи (поправки, доградби и други интервенции на објекти). И извршувањето земјоделски и шумски работи може да биде опасно, доколку не се внимава и не се користи соодветна заштита. Така, неколку несреќни случаи се регистрирани при управување со трактори и друга земјоделска механизација како и  при сечење и транспорт на дрва.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена