Гостивар
Во Гостивар дневно над 530 барања за пасоши, лични карти и возачки-Годинава издадени 30.014 документи

Повеќе од 530 граѓани на ден периодов „висат“ во управните служби на Министерството за внатрешни работи во Гостивар, за да поднесат барање за промена на личните документи и да се фотографираат. Откако ќе ги завршат тие процедури од службениците треба да добијат одговор во која просторија ќе може да си ги подигнат после извесно време. За личните карти, на пример тоа се „две недели“, за пасошите во редовна постапка „кренати раменици“ , оти и самите вработени не знаат кога би биле готови.
На барање на Gostivarpress.mk. МВР одговори со податоци дека oд почетокот на годината (1 јануари заклучно со 23 февруари) во Отсекот за управни работи Тетово за Гостивар се примени вкупно 30.014 лични документи (патни исправи, лични карти и возачки дозволи).
Детално: пасоши – 14.025, лични карти – 11.227 и возачки дозволи – 4.762.
Дневно се поднесуваат 535 барања за издавање на патна исправа, лична карта и возачка дозвола, извести МВР.
Замената на лични документи (со името „Република Северна Македонија) е согласно Договорот потпишан во Преспа, помеѓу Македонија и Грција. Трошоците паѓаат врз грбот на граѓаните и ако имаат валидни документи со рок со името „Република Македонија“.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос