Гостивар
Во Гостивар до сега потврдени над 9.500 корона позитивни
Според официјалните податоци од Институтот за јавно здравје, во регионот на Гостивар од почетокот на пандемијата до сега, регистрирани се 9.569 случаи на коронавирус. Оваа бројка го става гостиварското подрачје на осмо место по вкупно заразени, после Скопје, Куманово, Тетово, Битола, Прилеп, Кавадарци и Велес.
Во ковид статистиката е наведено дека регионот на Гостивар има вкупно 423 случаи со смртни последици. Моментално 18 граѓани се активно болни, што потврдува мирна состојба со коронавирусот.
Неделниот извештај на ИЈЗ за периодот од 11 до 17 април покажува продолжување на трендот на намалување на новозаразени во земјава. Биле направени 12.663 тестови, а потврдени 806 нови позитивни, што намалување од 26,9 % во однос на претходната недела.
Со статус „оздравени“ се стекнале 1.108 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување. Од вкупниот број на заболени 130 се реинфекции. Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани 55 лица или 12,7% помалку, од нив 21 се на кислородна поддршка поточно 16% помалку и нема пријавено лица на механичка вентилација идентично како претходна недела.
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение