fbpx
Поврзи се со нас

Гостивар

Во Гостивар до сега вакцина Астра Зенека примиле 300 граѓани, нема пријави за сериозни несакани реакции

Објавено

на

На вакциналниот пункт при Здравствениот Дом во Гостивар наменет за антиковид имунизација, до сега вакцина примиле околу 300 граѓани. Одговорните оценуваат дека вакцинацијата се одвива добро и непречено. На почетокот дозите беа наменети за највозрасните, над 77 години, а сега согласно насоките од Министерството за здравство возрасната граница е спуштена.

„Вакцинацијата во Гостивар се одвива многу добро. До сега се вакцинирани околу 300 граѓани. Најпрво старосната граница беше над 77 години, но постепено се намалуваше и сега вакцинираме заинтересирани граѓани кои имаат над 60 години. До сега не е пријавен ниту еден случај на потешка реакција, имавме само два случаи на поблага реакција со покачена температура која траеше 24 часа и со примена на аналгетици, парацетамол се спушти, по што пациентите немаат други проблеми. Големо задоволство ми е што нема пријави за посериозни несакани реакции, затоа што и за нас сето ова е ново“, изјави д-р Дафина Богданоска.

Гостивар во првата тура доби 500 дози вакцини од Астра Зенека и сите термини беа закажани на самиот старт на имунизацијата. Сепак, има и примери кога граѓаните не се појавуваат на одредениот термин, па медицинските тимови ги потсетуваат или прават реорганизација за да нема застој во процесот.

„Поголемиот број граѓани доаѓаат на закажаните термини, но има и такви кои не се појавуваат. Гледаме да бидеме рационални, затоа што едно флаконче има 10 дози, да нема расходи, да не се фрла вакцината, па ги повикуваме по телефон, или други пациенти кои се заинтересирани да примат вакцина.“,  вели д-р Богданоска.

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Вработувања Полог:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!