Гостивар
Во Гостивар досега вкупно 50 тестирани за корона, нови позитивни нема

Во Гостивар до сега вкупно 50 лица биле тестирани за коронавирус. Нови позитивни случаи нема. Како што веќе информиравме, брачен пар кој бил во државен карантин во Маврово е хоспитализиран во гостиварската болница и се тестира за Ковид 19.
Кризниот штаб на Гостивар денес го одржа петтиот состанок и оцени дека состојбата на подрачјето останува сериозна, но стабилна и дека нема простор за паника.
„Институциите продолжуваат да делуваат координирано во насока на спречување на ширење на коронавирус. Повторно заеднички упатуваме барање до граѓаните да не излегуваат надвор без потреба, редовно да одржуваат хигиена и да ги почитуваат препораките за заштита.“, изјави градоначалникот.
Кризниот штаб. исто така, апелираше здруженијата и организациите да се вклучат во организираната распределба на хуманитарната помош за пакетите да стигнат до социјално загрозените на безбеден начин. Обуката на волонтери ќе се одржи утре (петок) во општинската сала, со почеток во 12 часот.
Жиро сметката на Општина Гостивар е деблокирана и од општинскиот буџет ќе се издвојат 150.000 денари, донација за хуманитарни активности на гостиварскиот Црвени Крст.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград