Вести
Во Гостивар и Тетово годинава изречени 462 казни за неатестирани фолии на возилата
Во изминатите десет месеци од оваа година, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово откриени се вкупно 462 прекршоци-користење неатестирани фолии на возилата. Во Тетово се регистрирани 422, во Гостивар 40 прекршоци, информираат од СВР Тетово.
Откриените прекршоци санкционирани се со законски предвидените прекршочни платни налози и со глоба која, за несоодветно затемнување на стаклата, се движи од 300 до 2000 евра, зависно од тоа дали станува збор за физичко или правно лице, согласно член 360 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со напомена дека за одговорното на правнoто лице, глобата изнесува 600 евра во денарска противвредност.
Секторот за внатрешни работи Тетово од крајот на минатиот и во првата половина на овој месец, покрај другото, засилено ги контролира вградените фолии на возилата и апелира до возачите исклучиво да користат атестирани. Зашто, неатестираните фолии, не само што не изгледаат квалитетно, туку и непосредно ја доведуваат во прашање нивната и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, особено во вечерни услови, магла и слично.
-
Гостиварпред 6 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди