Гостивар
Во Гостивар и Тетово лишени од слобода 4 лица заради пребрзо возење

На 04.05.2025 во периодот од 14.00 до 20.00 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово и Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар извршиле акциска контрола за пречекорување на максимално дозволената брзина во и надвор од населено место. Притоа, поради безобѕирно управување со моторно возило по наредба од јавен обвинител од слобода биле лишени четири лица.
Во 15.00 часот на магистрален пат Тетово-Гостивар, кај Дебрешки надвозник во Гостивар, Џ.А.(36) од Скопје управувал патничко возило „ауди“ со скопски регистарски таблички со брзина од 156 километри на час на место каде максималната дозволена брзина е 80 километри на час надвор од населено место.
Во 16.00 часот на истиот пат, С.С. (45) од Тетово управувал патничко возило „ауди“ со албански национални ознаки со брзина од 160 километри на час на место каде максималната дозволена брзина е 80 километри на час надвор од населено место.
Во 15.00 часот на автопатот Тетово-Скопје, кај наплатна станица Желино, Ф.С.(29) од с.Палатица, тетовско, управувал патничко возило „мерцедес“ со германски национални ознаки со брзина од 177 километри на час на место каде максималната дозволена брзина е 100 километри на час надвор од населено место.
Во 16.00 часот на булевар „Видое Смилевски Бато“ во Тетово, Ф.Љ.(25) од Тетово управувал патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски таблички со брзина од 106 километри на час каде максималната дозволена брзина е 50 километри на час во населено место.
Тие биле задржани во полициска станица и по документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од Кривичниот законик, информира полицијата.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 1 недела
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог