Поврзи се со нас

Гостивар

Во Гостивар казнети мотоциклисти – Не носеле кацига, немале дозвола и осигурување

Објавено

на

Вчеравечер (23 август) во периодот од 19 до 24 часот, полициски службеници на СВР Тетово спровеле засилена акциска контрола на мотоциклисти, во која биле откриени и законски санкционирани вкупно 14 прекршоци (Тетово-10 и Гостивар-4). Најголемиот број од прекршоците (5) се однесувале на неносење заштитна кацига, односно шлем (ТЕ-3 и ГВ-2), 4 мотоциклисти (ТЕ-3 и ГВ-1) не поседувале осигурителни полиси, 3 немале возачки дозволи (ТЕ-2 и ГВ-1), 1 управувал нерегистриран мотоцикл, а кај 1 констатиран е друг вид прекршок. На сите мотоциклисти-прекршители изготвени им се поднесоци и ќе се соочат со предвидените парични глоби. При контролата биле санкционирани и 8 други видови сообраќајни прекршоци.

„Секторот за внатрешни работи Тетово повторно ги потсетува мотоциклистите на нивните законски обврски како учесници во сообраќајот и посебно апелира да не седнуваат зад волан без положен возачки испит и без пропишаната заштитна опрема. Зашто, во спротивно најдиректно ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите возачи или пешаци. До мотоциклистите се апелира, исто така, да не возат пребрзо и да внимаваат на бучавоста на нивните мотоцикли, особено во вечерните часови и по градските улици. Вакви и слични контролни активности планирани се и во наредниот период и сите откриени прекршоци ефикасно ќе се санкционираат. Истото се однесува и на оние кои управуваат електрични тротинети и кои нема да се придржуваат на законските ограничувања и прописи.“, соопшти полицијата.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена